Македонија,Политика

Лазаревски: СДСМ го организира утрешниот протест

Лазаревски: СДСМ го организира утрешниот протест

Протестот кој  вчера го најави таканаречената невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата “ е уште еден политички настан кој што СДСМ се обидуваа да го претстават како израз на граѓанско незадоволство, тврди Сашо Лазаревски од ВМРО ДПМНЕ кој нагласува дека СДСМ е главен организатор на утрешниот протест.

„Претседател на оваа таканаречена граѓанска органзиација е Мила Царовска, претседател на советот за социјална политика на СДСМ. Низ медиумите веќе запопочнаа да кружат информации дека учесниците на протестите ќе бидат донесени во Скопје, главно од општините во кои СДСМ е на власт, а за трошоците се задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини. Ова е класичен партиски настан на СДСМ“, вели Лазаревски.

mila c

Лазаревски смета дека и овој настан на СДСМ нема да успее бидејќи, како што вели, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како никоја досега работела во интерес на граѓаните на Република Македонија, а особено во интерес на најранливите категории на граѓани.

Mila Carovaska 2

„Впрочем, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е таа која што ги зголеми социјалната помош, пензиите, воведе минимална плата и истата ја покачи, како и ја намали стапката на невработеност за цели 10 проценти, се со цел да се зголеми стандардот на граѓаните на Репубика Македонија. СДСМ не се откажува од своите погубни политики.    Тие уште една покажаа дека не ги почитуваат граѓаните и ги користат за свои партиски цели. Зарем вака планираат да ја бараат поддршката на претстојните избори?“, вели Лазаревски.