Лазаров: Бод голем како планина

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров истакна дека бодот во натпреварот против Чешка е голем како планина и дека нерешениот резултат од оваа средба е најреалниот исход.

„Со оглед на тоа како се одвиваше текот на овој натпревар, може да кажам дека овој нерешен резултат е најреален исход, а бодот голем како планина. Ме радува што во нападот бевме поразноврсни отколку против Данска, како и од сите претходни контролни средби. Тоа ни дава уште поголема сигурност бидејќи не сме читливи за противниците. Пак промашивме зицери, треба да поработиме на реализацијата за да бидеме уште попрецизни на следните мечеви. Против Австрија не размислуваме за калкулации за третото место, одиме на победа за да пренесеме два бода во следната рунда. Слободно можам да кажам, Борко ми е пријател и цимер, дека очекуваме поголема поддршка од голманите. Против Австрија ќе ни требаат минимум 15 одбрани од голманите, ако сакаме да стигнеме до посакуваната победа“ изјави Лазаров.