Лазаров: Богдановиќ призна дека себе си се наградил со плата од 2.000 евра

Вчера најскапоплатениот директор во земјава Саша Богдановиќ, без трошка срам и без грам совест, најави дека ќе поднел тужба заради злоупотреба на лични податоци. Со тоа Богдановиќ призна дека овој документ е точен. Богдановиќ призна дека себе си се наградил со плата од 2.000 евра, а својот заменик го наградил со 1.500 евра. Со тоа Богдановиќ покажа каков е ставот на СДСМ кон граѓаните. Богдановиќ јасно им порача на граѓаните „јас можам да си ги делам парите на граѓаните како што сакам и колку сакам, а Вие за тоа ниту смее да знаете, ниту смее да се интересирате“.

Ова го посочи на денешната прес-конференција координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Општина Центар, Томислав Лазаров.

Интегрален текст од изјавата на Лазаров:

Јавноста има право да ја знае вистината. Јавноста треба да знае за расипништвото и астрономските плати кои си ги делат функционерите на СДСМ.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе барање за итна седница на Советот на Општина Центар на која што ќе се дискутира за последниот скандал кој ја вознемири јавноста. Скандалот во кој Директорот на Паркинзи на општина Центар и неговиот заменик си делеле плати кои се надвор од здравиот разум. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе инсистира на одговорност. Ниту директорот Саша Богдановиќ заслужува плата од неверојатни 2.000 евра, ниту неговиот заменик Вангел Андрески заслужил 1.500 евра.

Вчера најскапоплатениот директор во земјава Саша Богдановиќ, без трошка срам и без грам совест, најави дека ќе поднел тужба заради злоупотреба на лични податоци. Со тоа Богдановиќ призна дека овој документ е точен. Богдановиќ призна дека себе си се наградил со плата од 2.000 евра, а својот заменик го наградил со 1.500 евра. Со тоа Богдановиќ покажа каков е ставот на СДСМ кон граѓаните. Богдановиќ јасно им порача на граѓаните „јас можам да си ги делам парите на граѓаните како што сакам и колку сакам, а Вие за тоа ниту смее да знаете, ниту смее да се интересирате“.

Господине, најскапоплатен Директор, со вашите закани нема да заплашите никого. Вие им должите одговор на граѓаните со што заслуживте 2 000 евра месечно и колку според вас е доволно за да се задоволат вашите апетити и апетитите на вашите партиски соработници?

Паркинзи на Општина Центар за само две години од страна на Жерновски и неговиот скапо платен тим е претворен во приватна фирма. По партиско-роднинска релација во претпијатието се вработени 67 лица. Кумашини, ќерки, кандидати за советници и бивши советници се само дел од кадрите со кои Жерновски и Богдановиќ го оптоварија претпријатието.

Тоа е единственото нешто што за платата од 2.000 евра го добија граѓаните од Богдановиќ.