Лазаров брка прва титула во ЛШ

Европа ќе добие нов ракометен шампион, откако денеска и утре во Келн ќе се одигра завршниот турнир во Лигата на шампионите. Фокусот на македонската јавност ќе биде насочен кон Барселона во чии редови настапува капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров.

Титулата во Лигата на шампионите е единствениот трофеј што му недостига на македонскиот капитен на клупски план, а со оглед на „ростерот“ на каталонскиот гигант, се чини дека ова му е идеална можност за остварување на целта.

„За освојување на титулата неопходни се два перфектни дена. Искрено, повеќе претпочитам систем на натпреварување „дома-гости“, но што е тука е, верувам дека максимално подготвени ќе влеземе на овој турнир и на крајот ќе се радуваме“, изјави Лазаров за официјалната веб-страница на Ф4.

Барселона во денешното полуфиналево 18.00 часот ќе ги одмери силите со Фленсбург, кој го елиминираше Вардар во четвртфиналето, додека претходно во првото полуфинале силите ќе гиодмерат Веспреми-Кил.

Лазаров двапати досега играше во финалетона ЛШ,но беше поразен. Прв пат играше за меч за титулата со Суидат Реал и загуби од Барселона во 2011 година, а една сезона подоцна со Атлетико (М) во финалето беше поразен од Кил.