Лазаров ги доби противниците за “Суперглоуб”

Македонскиот ракометар Кире Лазаров со тимот на Барселона има можност да освои нов трофеј на светското клупско првенство, „Суперглоуб”. Тој ги дозна противниците за првата фаза од ова меѓународно натпреварување, откако каталонскиот гигант беше извлечен во групата Б заедно со екипите на Есперанца де Тунис, Ал Сад од Катар, како и со претставникот на Океанија што дополнително ќе биде утврден.

Главен фаворит во групата А е актуелниот европски шампион Фленсбург, кој за ривали ќе ги има Ел Џаиш од Катар, бразилскиот Таубате, како и уште еден домашен тим што ќе добие вајлд-карта за настап на „Суперглоуб“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.