вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

Лазаров: Главите горе, покажавме дека можеме!

Верувавме во победа, но сепак се работи за Франција – изјави Лазаров по завршувањето на мечот, пренесе Република.

Лазаров: Главите горе, покажавме дека можеме!

Лазаров: Главите горе, покажавме дека можеме!

Поврзани вести

Капитенот Кирил Лазаров смета дека иако доживеавме пораз, натпреварот против Франција покажа дека имаме сили за повеќе и дека со домаќинот Полска ќе поминеме могу полесно на следниот натпревар на Европското ракометно првенство.

Се случија многу работи. Се договоривме пред натпреварот да дадеме максимум и да фатиме ритам за она што следува. Верувавме во победа, но сепак се работи за Франција – изјави Лазаров по завршувањето на мечот, пренесе Република.

Според Лазаров, Македонија имаше шанса за победа, но во второто полувреме Франција ја смени одбраната.

Направивме технички грешки и Франција направи предност. Но што е тука е, видовме дека можеме против најдобрите. Сега останува да се одмориме за во недела. Иако Полска е домаќин не е Франција. Главите горе, покажавме дека можеме и имаме резерви – изјави тој.

 

Најчитани вести