Спорт

Лазаров го наполни Гранољерс за нова победа на Барса

Лазаров го наполни Гранољерс за нова победа на Барса

Македонските ракометни интернационалци во Шпанија, Кире Лазаров со Барселона и Дарко Димитриевски со Пуерто Сагунто, остварија нови, убедливи, победи во Асобал лигата.

Екипата на Барселона стигна до 21. победа во низа сезонава, совладуваќи го тимот на Гранољерс со 41:29 (17:11). Најефикасен на овој натпревар  беше Лазаров со 10 погодоци.

Втора победа во низа, во  рамките на Асобал лигата забележа и Пуерто Сагунто, кој пред својата публика го совлада тимот Ирун со 32:22. Младиот македонски интернационалец Димитриевски беше еден од најзабележителните, постигнувајќи 5 погодоци, со само едно промашување.