Лазаров го прослави роденденот со победа над Пуерто Сагунто

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, својот 34-ти роденден го прослави со убедлива победа на неговата Барселона на гостувањето кај Пуерто Сагунто со 44:28.

Каталонците ја продолжија победничката серија откако веќе ја обезбедија титулата, а решение за играчите на Чави Пасквал немаше ниту тимот на новиот македонски репрезентативец Дарко Димитриевски.
Лазаров постигна два гола од два обиди, во дуел во кој шанса добија сите ракометари и речиси сите се запишаа во листата на стрелци. Саубич со 6 и Рутенка и Нодесбо со по пет голови беа најефикасни во редовите на Барселона.

Екипата која се подготвува за фајнл форот на Лигата на шампионите има 28 победи на 28 натпревари во АСОБАЛ лигата и веројатно ќе ја заврши сезоната со уште две победи и стопроцентен учинок.