Спорт

Лазаров: Го сакам Металург во четврфиналето

Лазаров: Го сакам Металург во четврфиналето

Капитенот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Филип Лазаров се надева дека барем една екипа од Македонија ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако „црвено-црните“ направија сензација со исфрлање на европскиот првак Хамбург.

Скопјани по првпат се меѓу осумте најдобри тимови во Европа, иако во Хамбург одиграа без Тимур Дибиров, а поради повреда во второто полувреме го немаше ниту Стојанче Стоилов кој заврши во болница.

„Го сакам Металург за противник во четвртфиналето на ЛШ. Така барем еден македонски тим ќе игра на Ф4 во Келн. Ако треба да добиеме некоја друга екипа, тогаш го посакувам Флензбург. Очигледно е дека ни оди со германски екипи, вели Лазаров.