Лазаров и Барселона поставија нов рекорд во АСОБАЛ лигата

Лазаров и Барселона постигнаа рекорд во АСОБАЛ лигата - забележаа 68 последователни победи

Барселона го совлада тимот на Енкантада со 34:21 и со 68 победа по ред го собори рекордот на Сиудад Реал кој изнесуваше 67 победи и тоа во периодот од 2008 до 2011 година. Интересно е дека Лазаров беше дел и од овој претходен рекорд на Сиудад Реал, бидејќи одреден период, кога беше остварено ова достигнување, нашиот ракометар настапуваше токму за овој тим.

Сепак, вистинскиот предизвик Лазаров и соиграчите ги очекува претстојниот викенд, во пресметката со Киелце во рамките од Лигата на шампионите.