четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Лазаров и Барселона направија фотосесија

Барселона претстојниот викенд ќе гостува во Скопје каде ќе одигра ракоментен спектакл со македонскиот првак Вардар, а ракометарите на овој клуб беа дел од навистина несекојдневна фотосесија во пресрет на натпреварот во "Јане Сандански".

kire1

Поврзани вести

Дел од групата “воини” од Барселона секако беше и нашиот Кире Лазаров, а европскиот шампион преку својата официјална веб страна соопшти дека необичната фотосесија е направена со цел да се приреди изненадување за ракометните фанови, кое ќе биде подетално познато во наредните неколку дена.

kire2

Како и да е, мора да се признае дека ракометарите на Барса делуваат идентично страшно и во својата нова улога која ја добија пред објективот, а во продолжение погледнете ги најинтересните фотографии од сесијата во која доста истакнат е и македонскиот капитен Лазаров.

kire3

Најчитани вести