Спорт

Лазаров и Дибиров во тимот на годината

Лазаров и Дибиров во тимот на годината

Ракометарот на македоскиот шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров се најде во тмот на годината според европски ракометен портал „Хендбол магазин“ Покрај крилниот ракометар на “црвено – црните” во најдобриот тим за 2013 година се наде и капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров.

Рускиот интернационалец Тимур Дибиров (Вардар) се наоѓа меѓу најдобрите седуммина за 2013 во изборот на „Хендбол – магазин“, заедно со голманот Арпад Штербик (Барселона), Хулен Агинагалде (Кјелце), Валентин Гонеа (Висла Плок), Филип Јиха (Кил), Ласло Наги (Веспрем) и Домагој Дувњак (Хамбург).

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров (Барселона) се наоѓа во втората „седумка“ за 2013 година, заедно со Матиас Андерсон (Фленсбург), Уве Геншајмер (Некар Ловен), Ханс Линдберг (Хамбург), Седрик Сораиндо (Барселона), Микел Хансен (ПСЖ) и Никола Карабатиќ (Барселона)