Лазаров, Карабатиќ, Рутенка и Штербик во РК Вардар

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, Французинот Никола Карабатиќ, Белорусинот Сергеј Рутенка и Шпанецот Арпад Штербик се најновите засилувања за следната сезона во редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар,објави весникот „Македонски Спорт“.

Квалитетни засилувања минатата сезона во РК Вардар најверојатно беа само најава на она што следува за следната сезона. Весникот „Македонски Спорт“ објави сензационална вест во која најави дека „црвено-црните“ ќе прават вистински дрим тим кој би можел да стигне и до пехарот во Лигата на шампионите.

„Македонски Спорт“ пишува дека, иако РК Вардар засега не ги потврдува овие информации, сепак тие од свои извори дознаваат дека најдоцна до септември годинава Лазаров, Карабатиќ, Рутенка и Штербик ќе истрчаат на паркетот во салата „Кале“.