Лазаров: Металург знаеше што сака

Македонскиот ракометен вицешампион Металург оствари голема победа против Барселона (31:29) во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Гостите кои беа огромни фаворити пред овој меч спортски и коректно му ја честитаа победата на составот од Автокоманда.

“Честитки до тимот на Металург. Мислам дека одиграа одлично, тактички беа добро подготвени, едноставно имаа свој ден. Ние дојдовме тука да победиме, но тоа не се случи. Една битка загубивме, но од неа ќе можеме да научиме добра лекција. Треба да се биде искрен, да се честита. Овој пораз добро ќе ни дојде пред предстојните натпревари на кои мораме да бидеме повнимателни. По негативата не фати нервоза, постојано бркавме, а тоа е тешко против една екипа што знае што сака” изјави капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кире Лазаров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.