Спорт

Лазаров најдобар голгетер на Барселона

Лазаров најдобар голгетер на Барселона

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, со 201 гол во сите седум натпреварувања е водечки стрелец на Барселона сезонава. Инаку 58 од тие 201 гол, македонецот ги постигна во Лигата на шампионите каде е прв клубски стрелец.

Во Купот на шпанскиот Крал, каде Барса до овој момент одигра три натпревари, Лазаров е најдобар клубски стрелец со 17 гола, Французинот Никола Карабатиќ е втор клубски стрелец со 178 гола (најдобар стрелец на клубот во АСОБАЛ лигата со 94 гола), па следат Виктор Томас со 165, Сергеј Рутенка со 162 и Јаспер Нодесбо со 138 гола. Севкупно Барселона до овој момент одигра 43 официјални меча и постигна 1593 гола или во просек 37,04 гола по натпревар. Но, сезоната се уште трае и овие бројки би требало да бидат надминати.

Македонецот доби пофални зборови и од шпанскиот весник „Марка“, кој за Лазаров напиша дека е тивкиот голгетер, кој не е многу медиски експониран како останатите звезди на Барселона. Весникот го претставува Лазаров како идол на нацијата, но не е често во фокусот на медиумите во Шпанија како Карабатиќ и Рутенка.

„Тој е скромен и фамилијарен и покрај спектакуларниот пат во неговата кариера.Импресивни се сите трофеи кои ги освои во кариерата „тивкиот голгетер„ а сезонава ќе стане национален шампион и во четвртата земја каде што настапувал,” се вели во текстот на „Марка”.