Лазаров најдобар стрелец по првата фаза

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е на врвот на листата на најдобри стрелци по првата фаза на првенството со 27 гола (53 отсто ), пред Чехот Филип Јиха кој заврши со 23 гола (50 отсто), а трето место го делат Исланѓанецот Сигурдсон (84 отсто успешност) и Белорусинот Рутенка (64 отсто успешност) со по 21 гол. Кире е и најдобар изведувач на седмерци со 88 отсто успешни удари од седум метри, односно 14 погодоци од 16 обиди.

Капитенот се најде на второто место и како МВП играч со 37 поени (27 гола и 10 асистенции), зад Данецот Микел Хансен кој има 40 поени (17 гола и 23 асистенции), а пред Французинот Никола Карабатиќ кој има 35 поени (17 гола и 18 асистенции).

На статистичката листа на најдобрите се најде и Филип Миркуловски, кој со 18 асистенции е втор најдобар асистент во досегашниот дел од првенството зад Микел Хансен, кој има 23 асистенции. Ист број асистенции како и нашиот Миркуловски (18) има и Никола Карабатиќ пред Силаѓи од Австрија.

Првиот голман Борко Ристовски, пак  е на 11. место на листата на најдобри голмани со 36 отсто успешни одбрани, или 40 од 112 упатени кон неговиот гол.