Лазаров: Не очекувам лесна игра и лесна победа против Ангола

Изненадувачки е за мене што така лесно се предаде Ангола на натпреварот со Словенија. Секој натпревар е различен, се надевам дека нема да проработи нашиот македонски менталитет да се задоволиме со малку, да создадеме еуфорија, туку напротив да бидеме желни и гладни за победа и уште подобри игри, изјави на вчерашниот тренинг капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров.

-Јас сум сигурен дека утре ќе биде тешко. Не очекувам лесна игра и лесна победа. Познавајќи се себе си и и познавајќи ја оваа група на играчи не треба воопшто да ја потцениме Ангола. На добар пат сме и треба максимално да го искористиме она што го имаме во овој момент, односно двата многу вредни бода против Тунис, вели Лазаров.