Лазаров: Нема никому да се предадеме

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во пресрет на Европското првенство во Хрватска повеќе шанси за освојување бодови гледа на дуелите со Германија и Црна Гора, отколку на средбата со Словенија, но потенцира дека „црвено-жолтите“ нема да се предадат однапред на ниеден натпревар.

„Можам да го кажам е дека ние нема да се предадеме без оглед со кого играме, ама сега да кажам дека ќе ја победиме Словенија, Германија, потоа во вториот круг Шпанија, Данска, би било малку арогантно и нереално. Што се однесува до нашата група, мислам дека имаме многу поголема шанса против Германија и Црна Гора отколку против Словенија. Ќе видиме, не очекува напорна работа и одење чекор по чекор на секој натпревар“, вели Лазаров во интервјуто за Спорт клуб.

Македонија на ЕП е во група со Словенија, Црна Гора и Германија. Првиот дуел го игра на 13 јануари со Словенија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.