Лазаров останува “каталонец”, го продолжи договорот со Барселона

Иако неколку европски ракометни гиганти беа на готовс да го донесат капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров сепак леворакиот “бомбардер” го продолжи договорот со Барселона и ги остави со празни раце.

“Барса беше мојот сон уште од дете. Сонот продолжува… На заедничко задоволство, довербата меѓу нас сега е уште поцврста и продолжуваме со нови предизвици и високи цели. И покрај неколкуте понуди, во ниеден момент не размислував за друга опција, освен за Барса”
– изјави Лазаров за порталот ЕКИПА.

Тој во Каталонија пристигна во 2013 година од редовите на Атлетико Мадрид, откако “мадриѓаните” банкротираа. Најдобриот македонски ракометар претходно настапуваше и за Сиудад Реал и во изминативе пет години во Шпанија изгради високо реноме. Две сезони по ред е прв стрелец на Барселона во АСОБАЛ и во Лигата на шампионите. Лазаров е и актуелен лидер на листата на стрелците во ЛШ.