Лазаров: Победата е за шестиот роденден на ќерка ми Лана

Како и на претходните мечеви Кирил Лазаров и денес против Aвстријците ја презеде одговорноста и постигна клучни голови, кои ни донеса голема сатисфакција и радости. Неколку часа по победата Лазаров во хотелската соба ги анализираше емоциите и го врати „филмот“ од натпреварот низ глава:

„Сакам оваа победа да ја посветам на мојата ќерка Лана, која денес слави роденден. Ова е голема, но сметам и заслужена победа. Со моите коментари сакав да го испровоцирам мојот пријател Борко Ристовски, кој добро го знам како функционира и затоа така изјавив да го мотивирам. Сега гледам дека Мариновиќ има две интервенции повеќе од него и Борко мора да биде уште подобар. За наредниот круг ќе го имаме Немања Прибак, кој е квалитет и ќе ни помогне. Очекуваме големи работи од него, очекуваме одговорност од него, бидејќи натурализираните играчи треба да бидат додадена вредност на оваа репрезентација„ изјави Кирил Лазаров видно задоволен од првата победа на ова првенство, вкупно петта за Македонија на европските првенства. Со денешните 8 гола, капитенот стигна до 27 гола и е сеуште водечки на листата на стрелците.