Лазаров против Кјелце ќе бара “братска” одмазда

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена жрепката за полуфиналето во Лигата на шампионите.

Екипата на Барселона во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Кире Лазаров за противник го доби полскиот првак Кјелце и важи за огромен фаворит.

Ова ќе биде убава прилика за нашиот “бомбардер” да се одмазди за елиминацијата на македонскиот преставник Вардар во четвртфиналето токму од Кјелце.

Многу понеизвесно се очекува да биде на другото полуфинале во кое учествуваат германски Кил и унгарски Веспрем.

Завршниот фајнл фор турнир ќе се игра во Келн на 30 и 31 мај.