четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 79

Лазаров и Ристовски бараат Мукаетов да остане во РФМ

132697645

Последни вести

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски за актуелната ситуација околу оставката на претседателот Живко Мукаетов изјавија дека тоа е човек кој мора да се задржи по секоја цена да ја предводи федерацијата, бидејќи под негово водство е направено многу за македонскиот ракомет.

– Тоа е голем човек, голем емотивец голем Македонец. Не гледам правец насока ако тоа се случи. Со респект кон сите, што биле на чело на федерацијата. Имавме услови, имавме се на тацна. Господинот Живко Мукаетов, не заслужува да се прости на таков начин, како и Мојсо, и многу од нас. Да ги оладиме главите, младинците не усреќија,… Навистина не знам што да кажам, да оставиме малку време и да решиме што понатаму. Не губи само ракометот губи цел спорт, истакна Лазаров и додаде дека  треба да се мисли и на иднината.

– Не сакаме да ги оставиме нашите младинци, но ако нема амбиција,… Никој не очекуваше ваков расплет, Ние пукаме со сите „шавови“,… Младите нема да ги оставиме на цедило и ќе дадеме се од себе да ги пласираме на Светско првенство.  Многу сме еуфорични и емотивни. Треба да имаме добра стратегија. Ние не знаеме да калкулираме, како што тоа го направи Хрватска.

Слично размислува и Ристовски.

– На Македонија и треба човек како него. На Македонија и требаат луѓе како него успешни. И треба да се сплотиме да останеме силни, по оваа „неправда“ која ни се случи, за која сме ние самите најмногу криви. Да се надеваме дека ќе бидеме заедно и ќе се радуваме на успесите заедно, дека доаѓа нова генерација. Верувајте треба на таа генерација да и се даде шанса на големо натпреварување, нагласи македонскиот голман.

Најчитани вести