Лазаров: Тешка група, но и ние сме поискусни

Капитенот на македонскиот вице шампион Вардар, Филип Лазаров смета дека групата во која ќе играат во новата сезона во Лигата на шампионите е исклучително тешка и очекува борба за секој бод.

„Тешки противници,особено од четвртиот шешир (Рајн Некар) и шестиот шешир (Монпеље). Тука се уште Веспрем и Цеље, а сето тоа говори за квалитетот на нашата група. Мислам дека оваа сезона дефинитивно нема да има лесни бодови, посебно на гостински терен. Сепак, со ракометарите што го имаме и со апсорбираното искуство од минатата сезона, очекувам да се избориме за подобар пласман. Најважно ќе биде да играме константно добро и да се бориме да освоиме што повеќе бодови на гостувањата. Многу ќе биде важно и каков ќе биде распоредот”, изјави Лазаров.