Лазаров: Успехотна Вардар и Металург го прикриваат падот на репрезентациите

Капитенот на македонската ракометна рапрезентација Кирил Лазаров постојано предупредува и потсетува дека треба да се работи со младите за ракометот во Македонија да го задржи своето ниво, а последните лоши резултати на машката ракометна репрезентација до 20 години, како и на женската ракометна репрезентација до 18 години, го испровоцираа да се огласи со свој став.
„Три убедливи порази на нашите ракометари на ЕП 20 години, кадетките три катастрофални порази на домашен терен (освен победата со Узбекистан), женската сениорска репрезентација не знае за победа, а камоли пласман на големо натпреваруванње, сениорите мажи освен треторазредната Грција која ни дојде како мелем за заборавање на минатите порази (ЕП Данска 4 високи порази ДЕН, ХУН, ИСЛ, ЕСП)… Мораме да признаеме дека македонските национални селекции ни се во благ пад. Сето тоа добро го прикриваме со нашите моментно успешни клубови на европска сцена, Вардар и Металург, меѓутоа клубови се едно, а национална селекција друго. Едното не може без другото, треба соработка и надополнување меѓутоа за иднината на нашиот спорт број еден секогаш приоритет треба да имаат националните селекции на кои во последно време не им цветаат рози“, напиша на својот Фејсбук профил, најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров.