Лазаров во 1/4 финалето во Лигата на шампионите

Најдобриот македонски ракметар Кирил Лазаров со својата барселона се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако и во реваншот од 1/8 финалето славеше против данскиот Алборг со 31:20
Лазаров на овој натпревар беше најефикасен во таборот на Барселона со шест погодоци пред Сорниендо, Сармиенто, Бенгоечеа и Нодезбо , кои по четири пати ја затресоа противничката мрежа.
Место во четвртфиналето обезбедија уште Веспрем, кој на домашен терен ја анулира негативата од два гола против Висла Плок, совладувајќи ја со 31:26, додека Флензбург славеше дан Целје со 30:27 и се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
Место во четвртфиналето денеска ќе бркаат и двата најдобри македонски клубови Вардар и Металург. Шампионот Вардар му гостува на Хамбург (18.45 ч), додека Металург (16.45) ќе игра на гости кај Колдинг.
Вардарци почнуваат од нула, бидејќи на првиот натпревар одиграа нерешено (28:28), додека Металург ќе брани шест голови позитива (23:17)