Спорт

Лазаров во финале за најдобар екс- ју играч на сезоната

Лазаров во финале за најдобар екс- ју играч на сезоната

Специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“ веќе седма година по ред прави избор на најдобриот ракометар кој што доаѓа или настапува во екипа од Екс-Ју просторите, како и најдобра седморка. Кирил Лазаров и оваа година влезе во финалниот избор.

Во изборот на најдобриот ракометар влегуваат:

Кирил Лазаров (Барселона)
Домагој Дувњак (Хамбург)
Момир Илиќ (Веспрем)
Ренато Сулиќ (Веспрем)
Марко Вујин (Кил)

Кандидати за идеалниот тим по позиции од ракометарите кои настапуваат во клубовите на просториите на Екс-Ју:

Голмани:
Страхиња Милиќ (Вардар), Петар Ангелов (Вардар), Бенјамин Буриќ (Горење) и Дарко Станиќ (Металург).

Лево крило:
Тимур Дибиров (Вардар), Дејан Манасков (Металург), Добривоје Марковиќ (Вардар), Лука Звижеј (Цеље).

Лев бек:
Павел Атман (Металург), Стипе Мандалиниќ (Загреб), Игор Вујиќ (Нексе), Иван Слишковиќ (Цеље).

Среден бек:
Игор Карачиќ (Вардар), Сташ Скубе (Горење Велење), Лука Циндриќ (Металург), Себастиан Скубе (Цеље).

Десен бек:
Алекс Душебаев (Вардар), Ренато Вугринец (Металург), Немања Зеленовиќ (Цеље), Лука Степанчиќ (Загреб).

Десно крило:
Матјаж Брумен (Вардар), Марио Шоштариќ (Горење), Златко Хорват (Загреб), Гаспер Маргуч (Цеље).

Кружен напаѓач:
Алем Тоскиќ (Вардар), Михаел Чипурин (Вардар), Ванчо Димовски (Металург), Ратко Николиќ (Борац Бања Лука).