Лазаров во идеалниот тим на АСОБАЛ лига

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, е избран во најдобриот тим во АСОБАЛ лига за оваа сезона. Тој беше најдобар стрелец на Барса сезонава и логично е да биде во идеалниот тим, заедно со уште четворица свои соиграчи.

Покрај Лазаров во „идеалната седумка“ за сезоната 2013/2014 се најдоа уште и голманот Шариќ, пивотот Нодезбо, левиот бек Карабатиќ и десното крило Виктор Томас. Единствените двајца ракометари што не се членови на Барселона, а се најдоа во овој идеален тим се средниот бек Алваро Руиз од Гранолјерс и левото крило Хозе Мариа Карилјо од Адемар Леон.

За најдобар тренер во сезоната е избран Антонио Гарсија од Гранолјерс, додека членот на каталонскиот гигант, Виран Морос, уште еднаш ја доби наградата за најдобар дефанзивец во АСОБАЛ.