Лазаров: Со победа нешто ќе се замаскираше

Потфрливме – нема бегање од вистината. Размислував и пред натпреварот дека победата ќе беше добра маска која нас Македонците ќе не понесеше и ќе маскиравме некои работи. Имавме мотивираност и желба, што се однесува до нас, имаше одлична атмосфера, рече капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров.

Тој повтори дека желба, страст и мотивација постоеше во тимот, а дека со победа нешто ќе се замаскираше.

Јас на терен го давам максимумот, од трибините изгледа друго. За два месеци имаме историска шанса за која се изборивме. Треба да се собереме сите, да размислуваме како едно. Ова не е успешен настап. Пред почетокот на првенството не ги поставивме јасно целите. Играјќи го ова првенство мислевме на квалификациите, но немавме јасна цел. Ако ни беше целта да поминеме прв круг, сме ја оствариле, ако беше нешто повеќе-не, заклучи Лазаров,