Лажирале брак за да добијат наследство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(57) од Охрид, за сторени кривични дела „измама“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, Ф.А.(67) за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „давање лажен исказ“ и С.А.(50), двајцата од Р Германија, за „давање лажен исказ“.

Првопријавениот со намера да им помогне на второ и трето пријавените да се стекнат со оставински имот од покојно лице при поднесување на записник за пријавување на смрт во Месна канцеларија „Маџари“-Скопје приложил извод од матична книга на венчани од 2009 година и изјавил дека починатиот е во брачна состојба со второпријавената иако знаел дека со истата е разведен во 2005 година, со што го довел во заблуда матичарот кој издал извод од матична книга на умрени во кој како сопруга е наведена второпријавената. По ова, второпријавената изводот го приложила во Основниот суд во Куманово за расправа на оставина, кој целокупната документација ја препратил до нотарска канцеларија каде второ и трето пријавените изјавиле дека освен нив и останатите тројца браќа на третопријавениот, покојниот немал други наследници кои полагаат право на наследство. По спроведената оставинска постапка второ пријавената добила парични средства во износ од 190.000 денари, додека третопријавениот добил околу 200.000 денари, со што оштетиле лице кое од 2010 година имала склучено брачна заедница со покојниот.