Македонија,Крими хроника

Лажна дојавата за бомба во тетовското училиште

Лажна дојавата за бомба во тетовското училиште

По темелно пребарување на просториите во и околу училиштето „Браќа Мигенив“ во Тетово е констатирано дека нема поставено никаква експлозивна направа, потврди, за „Нетпрес“, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тетовската полиција во соработка со јавното обвинителство ги истражува мотивите, намерите и сторителот на ова дела, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

За потсетување, денеска околу 11.40 часот во полицијата се јавила вработена во основното училиште „Браќа Мигени“ која кажала дека неколку наставници добиле заканувачки електронски пораки.

Во пораката било наведено дека доколку не биде оставена одредена сума на пари крај дрвото од левата страна на училиштето ќе биде активирана експлозивна направа, потенцирајќи дека времето е ограничено.

Учениците биле навреме евакуирани, а наставата беше одложена.