Лажна пријава за кражба во скопска обложувалница

Пријавена лажна кражба во обложувалница на „Спорт лајф“ во Ѓорче Петров.

Било пријавено дека вооружените разбојници со пиштол од вработениот М.М. одзеле околу 275.000 денари од дневниот промет.

По преземени мерки и обавениот разговор со пријавителот,  утврдено е дека се работи за лажно пријавување. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.