Свет

Лажна тревога во Париз: Пронајдениот пакет не бил бомба

Лажна тревога во Париз: Пронајдениот пакет не бил бомба

Источната железничка станица во Париз беше затворена и евакуирана откако на шините бил забележан сомнителен пакет, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога во Париз.

– Станицата била затворена поради мерки на внимателност, соопштиле властите, но одбиле да дадат повеќе информации.

Инаку источната станица е една од неколкуте големи железнички станици во Париз.

Франција го зајакна обезбедувањето со цел да го спречи н овото насилство по терористичките напади во кои беа убиени 17 лица.

Обвинителството соопшти дека во регионот на Париз во меѓувреме биле уапсени 10 лица во антитерористички акции за кои се верува дека биле поврзани со амеди Кулибали, напаѓачот од маркетот за кошер во Париз.

фото: vesti-online.com