Лажна вест за смртта на Сталоне се шири на социјалните мрежи

Силвестер Сталоне не загинал при незгода во сноубординг или во сообраќајна несреќа, но корисниците на социјалните мрежи шират линк со што го тврдат спротивното.

Преку  шаблон- статии  на веб страницата на „Глобал Асошиетед њуз“ се шират измами со кои се генерира лажна смрт на познати личности.

На дното на секоја веб-страница, пишува „Лага … Оваа приказна е 100% лажна! Ова е забавен веб-сајт, и се работи за сосема лажни статии, базирани на нула вистина. Оваа приказна беше динамички генерирана со  користење на генеричка „шема“  и не е вистинита.

Секое совпаѓање со одредени личности е 100 отсто  фабрикувано од посетители на веб- страницата, кои создаваат лажни приказни со венсување на име во празна „не специфична” шема, со единствена цел- забава.

Во вистинската вест, Сталоне очигледно сака да снима петто продолжение на филмот  „Рамбо“.