Лажни електричари украле накит вреден 300.000 евра

На сличен начин како што членовите намеѓународната група крадци познати под називот Пинк Пантери крадат златари ширум светот, и во Париз на Саемот на накит е ограбен еден златар. Француската полиција за сега нема податоци кој е сторителот на кражбата во која е однесен накит вреден преку 300.000 евра, но не ја исклучуваат можноста тоа да биле членови на оваа група или некој кој ја реализирал кражбата на сличен начин како групата Пинк Пантери со намера да ја усмери истрагата во погрешен правец . Инаку, Пинк Пантерите се познати по брзи и дрски кражби, во кои скоро и да не користат оружје и ги однесуваат драгоценостите без жртви.

Во неделата навечер се затворала изложбата на накит на Саемот во Париз, во Павиљонот Версај. „Додека златарот од Сент Дени со сопругата ги изнесувал куферите со накит после затворањето на саемот, дошле двајца млади момчиња кои се претставиле како електричари. Успеале да им го свртат вниманието и да ја однесат торбата преполна со накит. Во неа се наоѓале преку 100 парчиња прстени и огрлици, вредни преку 300.00 евра – рекле од полицијата за медиумите.

Еден од дрските разбојници му го одвратил вниманието на златарот, додека неговата сопруга го носела куферот во автомобилот. Лажниот електричар го повикал настрана, додека другиот разбојник ја зрапчил торбата со драгоцениот накит. Веднаш почнале да бегаат, оставајќи го збунетиот златар да гледа што се случува.

Кога сфатил што се случува, златарот ја повикал полицијата, но дотогаш разбојниците веќе побегнале од саемот и по нив е се трага.

Graff-Peacock-fancy-colored-diamonds-100-million

Инаку, спрема проценките полицијата ширум светот, бандата Пинк Пантери е составена од околу 200 лица, најголемиот дел од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Дубаи, Швајцарија, Јапонија, Франција, Германија, Луксембург, Шпанија, Монако. Ширум светот јувелирниците не се сигурни од овие разбојници, кои по светот патуваат со авиони во прва класа, отседнуваат во најелитните хотели, се претставуваат како бизнисмени, а потајно набљудуваат и подготвуваат кражби на екслузивни златарници каде што накит купуваат припадници на благородничките семејства и милијардери.

Некои од акциите на Пинк Пантерите станаа легендарни во светот на подземјето. Ќе остане запаметена кражбата на златарата Le supre-diamante couture de Maki во екслузивната четврт во Токио, Гинза во 2004 година, од кадешто однеле дијаманти вредни 34 милиони евра. Во оваа прилика беше украдена и познатата огрлица „Контеса од Вандом“ вредна 27 милиони долари. Светското внимание го сврте и кражбата на екслузивната златарница во самиот центар на Париз, кога разбојниците однеле накит вреден 80 милиони евра.