Политичари оштетени со лажни фејсбук профили во изборната трка

Две претставки за креирање на лажни фејсбук профили на политичари се доставени до Дирекцијата за заштита на лични податоци, во периодов пред претстојните претседателски и парламантарни избори.
Како што истакна директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Ѓеорѓиевски, од вкупниот број на примени претставки минатата година, дури 62 отсто се во насока на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи.

Како домаќин на денешната конференција за заштита на личните податоци на земјите од Централна и Источна Европа,  Ѓеорѓиевски посочи дека Македонија созрева како општесто и од аспект на човекови права и права на заштита на лични податоци кои се конститутивен елемент на Уставот.

„Со развој на бизнис климата придонесуваме за пренесување на знаењата од Европската унија на полето на заштита на лични податоци во земјава, користејки ги искуствата од дргите држави од сосоедството и од Источна Европа“, истакна Ѓеорѓиевски.

Дирекцијата за заштита на личните податоци, минататагодина спровела 387 инспекциски надзори. Притоа, направени се 265 записници и 183 решенија, што според Ѓорѓиевски претставува значаен резултат во процесот на создавање стабилен институционален капацитет.

„Видливи резултати од претходната 2013 година произлегоа од ефикасното работење по однос на бројот на примени претставки од граѓани, бројот на поднесени барања за утврдување на повреда на правото за заштита на личните податоци, исклучително посветувајќи се на јакнење на јавната свест, промоција на правото за заштита на лични податоци, информирање на граѓаните за нивните права. Од вкупно 404, примени се в 353 претставки од физички лица и 51 претставка од правни лица. Близу 5 отсто е зголемувањето на бројот на добиените претставки од физички лица од минатата година“, вели Ѓеорѓиевски.

Од 2010 година, воспоставен е инструментот „офицер за заштитата на личните податоци“ – одговорно лице за заштитата на личните податоци. Во Централниот Регистар на контролори на збирки на лични податоци, во 2013 година пријавени се 704 офицери. Вкупно, досега има околу 1100 офицери за заштита на лични податоци.