Лажни тревоги за бомби на аеродромот во Атланта

Полицијата која извршила увид во два авиона на аеродромот во Атланта, поради закана добиена преку интернет за поставена бомба во леталата, не пронашла ништо, соопштија американски официјални претставници.

Портпаролот на ФБИ, Стивен Емет изјави дека полициските сили синоќа ја завршиле истрагата на еродромот Хартсфилд-Џексон во Атланта.

Портпаролот на аеродромот, Рис Мекрени истакна дека вчера стигнале закани за летовите на двете авиокомпании „Делта“ и „Саутвест“, кои пристигнувале од Портланд и Милвоки.

Двата авиона безбедно слетале на аеродромот, а патниците биле евакуирани.

Американски борбени авиони ги придружувале двата авиона до аеродромот Хартсфилд-Џексон, а специјално обучени кучиња учествувале во полициската истрага на леталата.