Македонија,Крими хроника

Лажно ветувала патување за Лондон, па „заработила“ над 2.700 евра

Лажно ветувала патување за Лондон, па „заработила“ над 2.700 евра

Сопственичка на туристичка агенција лажно ветувала дека ќе организира туристички аранжман во Лондон, измамувајќи шест лица, а во исто време измамила уште четири лица за организирање автобуски превоз за Сплит.

Според информации на полицијата, 51-годишната Д.К., сопственик на фирмата „Алекс транс турс“, лажно ветувала дека ќе организира туристички аранжман во Лондон, иако не поседува соодветна лиценца довела во заблуда шест лица, кои извршиле уплата за аранжманот во вкупен износ од 164.205 денари.

Покрај ова, истата измамила уште четири лица за организирање автобуски превоз на релација Скопје-Сплит-Скопје, кој превоз не бил организиран, а паричните средства во износ од 17.360 денари од страна на оштетените биле уплатени на нејзина сметка.