Лажирал лекарска потврда за боледување за 100 евра

Лажирал лекарска потврда за боледување за 100 евра
Лажирал лекарска потврда за боледување за 100 евра

Б.И. (48) од струшкото село Долна Белица, изработил лажна потврда од  Општата болница Струга откако украл печати на болницата и на докторот по општа медицина, соопшти охридската полиција.

Откако претходно ги украл печатите, на 32-годишниот Л.К. од струшкото село Биџево, му изготвил потврда во која лажно навел дека докторот од болницата му препишал терапија која ја примал во периодот од 24 јули до 07 август.

Дополнително навел дека, ЈЗУ Општа болница Струга, оваа потврда му ја издава да му послужи како доказ пред надлежните органи во Швајцарија каде Л.К. бил привремено вработен со цел да добие отсуство од работа. За оваа услуга, тој добил 100 евра, информират од полицијата.

На 10 август годинава, при претрес на неговиот дом, пронајдени и одземени се два службени печати, првиот со име на докторот по општа медицина, а вториот е округли печат на струшката болница.