Лажна дојава за бомба во кумановски ноќен клуб

Синоќа околу 00,20 часот, непознато лице телефонски се јавило во полициската станица во Куманово и пријавило дека во „Револушн“ има поставено експлозивна направа.

Од страна на полициските службеници од СВР Куманово веднаш е излезено на лице место. Поради безбедносни причини од истите веднаш се евакуирани сите лица, по што од страна на стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР на РМ, е извршен увид на лице место.

Од извршениот увид е констатирано дека во објектите нема поставено експлозивна направа и се работи за лажно пријавување.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.