Дојавата за подметната бомба во Брисел била лажна

Лажна е информацијата за подметната бомба на Северната станица во белгиската престолнина Брисел, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Ер-Те-Бе-Еф.

Претходно  станицата беше делумно евакуирана заради анонимното јавување. Зградата беше проверена од деминери, но тие не открија никаква експлозивна направа.

Станицата веќе ја обнови својата работа во нормален режим на сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.