Лажна тревога во Бостонскиот универзитет

бостон

Бостонскиот универзитет претходно соопшти дека во кампусот има „голем број полицајци поради тревога“ и оти од луѓето се бара да го напуштат подрачјето.

Американските медиуми јавија нешто се случува во зградата каде се сместени универзитетската библиотека и филијала на „Банката на Америка“. Бостонската полиција на Твитер објави дека „се случува нешто загрижувачко“.

Полицајците ги проверија објектите и ништо не најдоа.

Градоначалникот на Бостон, Марти Волш изјави дека и покрај тоа што изгледало дека тревогата е лажна, полицијата морала сериозно да пристапи кон инцидентот.

Тој додаде дека лажните тревоги се се почести во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.