четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 7

Лажна тревога за труење на час по хемија

Две ученички во втора година во СОУ Гимназија – Гостивар вчера се пожалиле на малаксаност и вртоглавица. Тие рекле дека на часот по хемија почувствувале неподнослив мирис.

хемија

Поврзани вести

Професорот по хемија ги однел ученичките во Медицинскиот центар Гостивар, каде што на ученичките им била укажана лекарска помош, а доктор-инфектолог констатирал дека кај нив нема знаци на труење.

Полициска екипа од Гостивар излегла на терен, при што не биле пронајдени никакви предмети или траги на опасни материи и не бил почувствуван никаков неподнослив мирис.

За настанот бил запознат јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести