сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 21

Лажна заканата за поставена бомба во авионот на „Туркиш Ерајнс“

zakana

Поврзани вести

Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ соопшти дека денешната закана за поставена бомба во еден од нејзините авиони на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, се покажала како лажна.

– Постапката е завршена и е заклучено дека предупредувањето било лажно, се нваедува во соопштението на турската авиокомапнија, пренесува МИА.

Турската полиција попладнево ги евакуираше сите 133 патници и членови на екипажот од авион на „Туркиш Ерлајнс“, откако на вратата од еден од тоалтите во леталото била пронајдена белешка на која стоело предупредување за поставена бомба.

Веднаш по евакуацијата на патниицте и членовите на екипажот, припадници на антитерористичката единица на турската полиција извршија проверка на леталото, при што не е пронајдена никакава експлозивна направа.

Авионот требало да полета од Истанбул кон градот Кајсери во централна Турција.

Ова не е прв случај на закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“. Сите досегашни закани се покажаа како лажни.

Најчитани вести