петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 60

Со лажни документи аплицирале за кредит – парите ги поделиле

Kривична пријава е поднесена против Г.П. (50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање на кредит или друга погодност и против К.М. (42) од Прилеп и Д.Г. (47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање.

kreditirawe-500

Поврзани вести

Kривична пријава е поднесена против Г.П. (50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање на кредит или друга погодност и против К.М. (42) од Прилеп и Д.Г. (47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање.

На 24 септември 2014 година, Г.П. аплицирал за кредит, во една банка, со невистинити податоци за неговата имотна состојба, работен однос и месечен приход дека наводно истиот е вработен во правното лице „Бам Пау“ ДООЕЛ Неготино. Врз основа на таа документација, „Стопанска Банка“ АД Скопје му одобрила кредит во износ од 180.000 денари кои ги поделил со второпријавениот. Со наведеното дејствие, Г.П.  ја оштетил банката за износ од 190. 977 денари по основ на главница и камата.

Второ и третопријавениот ја подготвиле лажната документација за првопријавениот, соопштија од полицијата.

Најчитани вести