Уште едно лажно и неостварено ветување на Заев

Реконструкцијата на опожарениот Дом на култура во Куклиш е уште едно лажно и неостварено ветување на Заев.

Жителите на Куклиш побараа од градоначалникот на Струмица Зоран Заев да го исполни даденото ветување за реконструкција на опожарениот дом на култура. Тие велат дека Заев две години им ветувал и ги лажел жителите на Куклиш.

После пожарот тој им ветил дека општината ќе изгради нов и модерен дом на културата. За оваа намена, на барање на граѓаните, во општинскиот буџет Заев предвидел 6 милиони денари, но не го исполнил ветувањето.

Изборите во 2014 поминаа, а парите беа повлечени. Заев домот на културата го користи како предизборен маркетинг и постојано манипулира со него. Тој ниту со малиот прст не мрднува да го реализира она што го ветил. Заев е рекоредер по дадени и неисполнети лажни ветувања. Најмалку на што посветува внимание е Струмица. Него едноставно го нема тука каде што е најпотребен и каде што граѓаните го плаќаат за да работи, вели Костадин Шолев, жител на Куклиш

Инаку ова не е прв пат жителите на Куклиш да реагираат за ветени, а нереализирани проекти од страна на струмичкиот градоначалник.

Минатата недела група граѓани од него побара да биде изградена детската градинка која им била ветена уште пред шест години.

Градинка во Куклиш – Уште едно лажно и неостварено ветување на Заев

Жителите на Куклиш се револтирани од тоа што и по 6 години струмичкиот градоначалник сеуште не го исполнил ветувањето за изградба на детска градинка.

Градинка во Куклиш - Уште едно лажно и неостварено ветување на Заев
Градинка во Куклиш – Уште едно лажно и неостварено ветување на Заев

Еве сме на лице место, нема ништо од ветената градинка на Заев. Ниту Заев ги посети граѓаните на Куклиш ниту им објасни каде е градинката која јавно ја ветува цели 6 години. Тој во 2010 година вети дека за една година ќе изгради градинка, а еве тој нема ниту почнато. Родителите од Куклиш продолжуваат со својот проблем за згрижување на своите деца. Оваа лага на Заев е дел од серијата лаги кои тој со години ги упатува кон жителите на Куклиш и цела Струмица, потценувајќи ги, сметајќи дека може да ги лаже граѓаните како што тој сака, вели Бобан Малинов, жител на Куклиш.

Револтираните граѓани му порачаа на Заев наместо соопштенија, да дојде да ги посети. Тие исто така побараа Заев да им објасни зошто населеното место со над 3.000 жители и со околу 100 деца од претшколска возраст е без градинка.

Ова е само една од лагите на Заев и неговото нечесно работење. Струмица е најмалку интерес на Заев. Општина Струмица работи без градоначалник и затоа Заев треба да се повлече од позицијата градоначалник на Струмица. Струмица заслужува подобро и повеќе, порачаа граѓаните.

За ова прес одржа и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ каде од Струмичко Куклиш побараа одговорност од Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.