ЛДП: По 11 декември подобра улога на жената во општеството

Активна улога на жената во борбата против семејното насилство и усвојување на Конвенцијата за борба на жената против семејното насилство, намалување на родовата нееднаквост на сите полиња, вклучувајќи ја и потполната еднаквост во парламентот и владата на Република Македонија, поголема заштита и поголеми права на самохраните мајки и залагање за нивно активно учество во решавањето на нивните огромни проблеми…

Ова се дел од приоритетите на Форумот на жени на Либерално-демократската партија во новата влада по 11 декември кои денеска ги соопштија од таа партија.

– На жените ќе им овозможиме да добијат знаење за претприемачки идеи за самостојно отворање мали претпријатија, внимание ќе посветиме и на подобрување на работничките права на жените, кои работат во текстилната и во индустриите каде платата е минимална. Поголемата безбедност при работа и подобрување на условите ќе бидат приоритет на ЛДП во периодот по 11 декември, наведуваат од партијата.

Форумот на жени на ЛДП предлагаат и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина.