Спорт

ЛЕ: Агенциите јавуваат за сензацијата на Вардар – елиминирани Фенер, ПАОК и Ајакс

ЛЕ: Агенциите јавуваат за сензацијата на Вардар – елиминирани Фенер, ПАОК и Ајакс

Фудбалерите на скопски Вардар го приредија најголемото изненадување во годинешните квалификации за Европската лига исфрлувајќи го турскиот гигант Фенербахче, известуваат во четвртокот ноќта светските агенции, издвојувајќи ја победата на македонскиот шампион од 2:1 во Истанбул во извештите од реванш мечевите за квалификациите за групната фаза во УЕФА Лига Европа.

Сите извештаи започнуваат со Вардар и истакнување дека по 2:0 во Скопје, Вардар успеал да постигна победа од 2:1 и на извонредно жешкиот терен на Фенербахче, потенцирајќи дека станува збор и за историски успех на клубот и за историјата на фудбалот во Македонија.

Се одбележува, исто така, дека Фенербахче пред мечот истакнуваше голем пресврт и сигурно минување на Вардар. Меѓутоа, Вардар одигра „ уште еден чудесен меч“, пишува хрватската новинска агенција Hina. Се чинеше дека турскиот великан лесно ќе дојде до пласман во фазатат по групи, но Вардар ги шокираше богатите Турци, се додава во извештајот.

Заслужено во медиумските извештаи се истакнува и „одличниот почеток на европската сезона“ на Вардар во фудбалска Европа,  прво откако го елиминираше исто така фаворизираниот Малме, потоа и дека до 75 минута од реваншот против Копенхаген имаше во рацете пласман во четвртото  коло од претколата за Лигата на шампионите.

Изненадување вечерва приреди и шведскиот претставник Остерсунд кој го елиминираше грчки ПАОК. Откако ПАОК во првиот меч дома славеше со 3:1, Остерсудн со 2:0 на свој терен победи со головите на Сама Годос во 71 и 77 минута.

Од Лига Европа се прости и минатогодишниот финалист на  ова натпреварување Ајакс. Холанѓаните на гостувањето во Норвешка загубија од Розенборг со 2:3, по домашниот пораз од 0:1.