ЛЕ: Ајакс и Манчестер Јунајтед во финалето

Во финалето на фудбалската Лига на Европа, коешто ќе се игра на 25 мај во шведска Солна, близу Стокхолм, ќе играат англискиот претставник Манчестер Јунајтед и холандскиот Ајакс.

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ одигра 1:1 со Селта Виго, со што ја одбрани победата од 1:0 од Шпанија, додека во втората средба Лион го совлада Ајакс со 3:1, што не беше доволно бидејќи во Амстердам загуби со 1:4.

Манчестерските „Црвени ѓаволи“ поведоа во 17 минута со голот на Феалини, а потоа се решија да ја чуваат стекнатата предност. Селта напаѓаше и имаше неколку убави шанси, а успеа да изедначи во 85 минута со голо на Факундо Ронкаља. Две минути подоцна се создаде мешаница на центарот по што романскиот судија Овадиу Хатаган покажа два црвени картона, по еден на двете страни. Кај домаќините беше исклучен Сони Бејли, а кај гостите стрелецот Ронкаља.

До крајот на натпреварот Манчестер Јунајтед успеа да го одбрани ремито и да избори финале во единственото европско клупско натпреварување, поранешене Куп на УЕФА, кое никогаш го нема освоено. Лигата на шампионите (поранешниот Куп на шампионите) ја освојуваше трипати, во 1968, 1999 и во 2008 година, а некогашниот Куп на победниците на куповите еднаш во 1991 година.

И во реваншот Лион и Ајакс пружија одлична претстава со четири голови и многу неискористени шанси на двете страни. На крајот годите издржаа со играч помалку, губејќи со 1:3, што им беше доволно за првото финале во Европа по 21 година.

Ајакс поведе во 27 минута со голот на Каспер Долберг, но Лион во самата завршница од првото полувреме го сврти резултатот со головите на Алесандер Лаказает. Францускиот напаѓачи во 45 минута реализираше пенал, а 81 секунда подоцна реализираше за пресврт и водство од 2:1.

Домаќинот во продолжението имаше неколку одлични шанси, но третиот погодок дојде дури во 81 минута, а стрелецот за 3:1 беше Рашиг Гезал. Во 84 минута Ајакс опстана со играч помалку откако втор жолт картон доби Бик Вјергевер и до крајот се чинеше дека Лион ќе го постигна и четвртиот гол и ќе избори продолженија. Голот „висеше во воздухот“, но Французите не успеаја. Ајакс, пак, можеше мирно да влезе во завршницата, но Дон ван де Беек во 79 минута само ја погоди стативата.

Клубот од Амстердам е еден од само четирите европски клубови кои ги освојувале сите три континентални трофеи, а другите три се Јувентус, Баерн и Челзи. „Копјаниците“ четири пати беа европски шампиони, во 1971, 1972, 1973 и во 1995 година, а по еднаш славена во Купот на победниците на куповите во 1987 и во Купот на УЕФА во 1992 година. Меѓутоа, последно финале од некој клуб играа во 1996 година, кога загубија од Јувентус во Лигата на шампионите со 0:1.

Лион во својата историја никогаш не играч европско финале. Трипати стаса до полуфиналето и секогаш беше елиминиран. Годинава во Лига Европа, пред седум години во Лигата на шампионите и во 1964 година во Купот на победниците на куповите. Интересно е што ниеден француски клуб не го освоил ова натпреварување, ниту стасал до финалето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.