„Ле Монд“: Руски хакери извршиле кибер напад врз ОБСЕ

обсе

Како што јави дописникот на МИА од Париз, инфромацијата за софистицираниот хакерски напад ја потврди и Организацијата со седиште во Виена.

– Организацијата тоа го констатира кон крајот на октомври, изјавила за весникот портпаролот на ОБСЕ, Наташа Рајаковиќ, кој не дала повеќе детали, пред се за нарачителот на нападите.

„Ле Монд“ констатира дека поголемиот број вработени во ОБСЕ, кои деновиве за време на божиќните и новогодишните празници се во своите матични земји, стравуваат дека хакерите имаат пристап до нивните и-мејли, датотеки и лозинки.

Можно е хакерите да дошле до „чувствителни информации“ на ОБСЕ во врска со дијалогот околу мировниот процес во Украина, во ускови на на зголемени тензиите меѓу Русија и Европејците.

ОБСЕ тврди дека не знае официјално кој стои зад нападот, при кој хакерите упаднаале во нејзините компјутери и во оперативниот систем што го користи Организацијата. За инцидентот биле известени сите 57 земји членки на ОБСЕ, но не и пошироката јавност.

Според една западна разузнавачка служба, кибер нападот е дело на групата руски хакери AПT28, позната и под имињата Паун Сторм, Софејси и Фанси Бир, која веќе е осомничена дека стои зад нападот извршени во април 2015 врз телевизијата „TВ5 Moнд“, и за која се тврди дека е поврзана со руските специјални служби.

Изворот на париски „Ле Монд“, ма оваа група и го припишува и кибер нападот против врз Демократската партија за време на претседателската кампања во САД, по што пораки на Џон Подеста, менаџер на кампањата за Клинтон, подоцна беа објавени на Викиликс. На почетокот на октомври, американската Администрација ја потврди вмешаноста на руски хакери во нападот.

На почетокот на декември американскиот претседател Барак Обама директно го обвини Кремљ за овој напад.

Германските бебзедносни агенции сега стравуваат дека канцеларката на Германија, Ангела Меркел во текот на кампањата во пресрет на парламентраните избори, би можеле да биде цел на напади на руски хакери. Германската канцеларка важи за „последната голема пречка“ за укинување на санкциите на ЕУ кон Русија, воведени по руската анексија на Крим.

Германија претседава со ОБСЕ до крајот на годината, а упадот во серверите на Организацијата би можел да има за цел да се добијат информации кои би и наштетиле на германската дипломатија, додава „Ле Монд“.

Хакерите исто така би сакале да ја поткопаат и легитимитетот на ОБСЕ, која на 22 декември предупреди на „зголемувањето на насилството“ во Украина, каде последните неколку дена се интензивираа борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Според западни дипломатски извори, хакерските напади доаѓаат во време кога Москва манифестита „зголеми гестови на лоша волја кон набљудувачи на ОБСЕ“.

Русија, која веќе најави дека планира да се повлече од основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд, може да се обиде да го убеди јавното мислење, преку објавување на украдени податоци на ОБСЕ, дека таа е непријателски настроена кон руските интереси, со што би му се дало легитамитет на повлекување на Москва од Судот, додава француксиот весник.