Спорт

ЛЕ: Наполи и со комбиниран состав славеше на гостувањето кај Легија

ЛЕ: Наполи и со комбиниран состав славеше на гостувањето кај Легија
Наполи и со комбиниран состав славеше на незгодното гостување кај Легија

Нашиот репрезентативец Иван Тричковски за првпат сезонава доби шанса во стартниот состав на Легија, но не се снајде најдобро против италијанскиот претставник во Лига Европа.

Наполи беше тој кој имаше целосна контрола врз случувањата на теренот и постојано се закануваше, а мрежата на домаќинот конечно беше затресена во 53-та минута кога Мертенс погоди со глава.

Веднаш по примениот гол, тренерот на Легија изврши двојна замена, а токму тогаш Тричковски беше повлечен од игра. До крајот Наполи продолжи да диктира темпо, а точка на натпреварот стави Гонзало Игуаин со голот во 86-та минута.


Legia Warszawa 0 – 2 SSC Napoli All Goals and… by ViralDailyTV

Ливерпул и по две одиграни кола се нема радувано на триумф, а синоќа на “Енфилд” како непремостлива пречка се испостави и петтопласираниот тим во швајцарскиот шампионат, екипата на Сион. Англичаните отворија одлично бидејќи по само четири минути игра поведоа преку Лалана, но веќе во 18-та беше 1-1 кога Асифуах ја затресе нивната мрежа.

На крајот тоа беше и конечниот резултат.


Liverpool vs Sion 1-1 All Goals & Highlights 01… by tony-hoksa

Група А
Селтик – Фенербахче 2:2
Молде – Ајакс 1:1

Табела: Молде 4, Ајакс 2, Селтик 2, Фенербахче 1

Група Б
Рубин – Бордо 0:0
Ливерпул – Сион 1:1

Табела:
Сион 4, Ливерпул 2, Бордо 2, Рубин 1

Група Ц
Краснодар – Габала 2:1
ПАОК – Б. Дортмунд 1:1

Табела:
Дортмунд 4, Краснодар 3, ПАОК 2, Габала 1

Група Д
Легија – Наполи 0:2
Бриж – Митјиланд 1:3

Табела:
Наполи 6, Митјиланд 6, Легија 0, Бриж 0

Група Е
Вилјареал – Викторија Плзењ 1:0
Динамо Минск – Рапид Виена 0:1

Табела: Рапид 6, Плзењ 3, Вилјареал 3, Динамо 0

Група Ф
Марсеј – Либерец 0:1
Брага – Гронинген 1:0

Табела:
Брага 6, Марсеј 3, Либерец 3, Гронинген 0